По одлуката на судот во Колмар да го одбие српското барање за екстрадиција на Рамуш Харадинај, лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово изјави дека „ова е победа на Албанците“ и дека тој од денеска е слободен човек.
Харадинај им се обрати на своите приврзаници пред судот кажувајќи дека „оваа битка е добиена“ и им се заблагодари на поддршката.
Одлуката на судот за ослободувањето на поранешниот косовски премиер во судницата беше дочекана со аплауз.
– Бидејќи сега сум слободен, одам во Стразбур да си го вратам пасошот. Се надевам дека денеска ќе се вратам во Косово. Изгубени се четири месеци, времето е драгоцено, рече Харадинај.
На веста за одлуката на францускиот суд да го одбие барањето на Србија, неговата сопруга Анита изјави дека „правдата е бавна, но достижна“.
– Победивме. Минавме непотребни и напорни процедури. Оваа ситуација не исцрпе сите нас овде на Косово. Им благодарам на сите за поддршката што ни ја дадоа. Ова е потврда дека војната на ОВК беше оправдана, рече Анита Хардинај, пренесе Лајми.нет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации