Тотенхем нема намера предвреме да се предаде во битката за титулата, откако „спарси“ дојдоа до тешка победа од 0-1 на гостувањето против Кристал палас, одржувајќи ја негативата во однос на Челси на достижни четири бода. Вечерашниот ривал на „спарси“ во последните месец дена ги совлада Челси, Арсенал и Ливерпул, а Палас се покажа во одлично светло и на вечерашниот дуел, на кој тимот на Сем Алардајс несреќно остана без бодови.
Згора на тоа, во второто полувреме незгодна повреда на коленото заработи Сакхо, кој мораше да биде заменет, а моментот на одлука се случи во 78. минута, кога Ериксен со прекрасен удар од триесетина метри им донесе радост на гостинските навивачи на ова лондонско дерби.
„Спарси“ во следното коло ги очекува уште еден тежок предизвик, дерби на домашен терен против омразениот градски ривал Арсенал.
Арсенал успеа да го совлада Лестер со 1-0 на „Емирати“ и ги одржа шансите за освојување на четвртото место на табелата во Премиер – лигата, кое води во квалификациите за Лигата на шампионите. „Топчиите“ сега имаат четири бода помалку од Манчестер сити, кој се наоѓа на тоа посакувано четврто место за тимот на Арсен Венгер.
Долго се мачеа фудбалерите на Арсенал да го отворат резултатот, Алексис Санчез ја погоди гредата, а мрежата на Лестер се тресеше во 86.минута. Монреал упати удар, топката удри во Роберт Хут, и отседна во мрежата на Шмајхел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)