| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона ја декласираше Осасуна, прв гол на Маскерано по цели седум години во дресот каталонците (видео)

havier maskerano

На крилјата на триумфот во „Ел Класико“, фудбалерите на Барселона вечерва имаа лесна задача на „Камп Ноу“ и ја завршија на најдобар можен начин, со триумф од 7-1 над Осасуна. Со тоа каталонскиот тим сега има три бода предност пред Реал Мадрид, кој во моментов има два меча помалку, а вечерва гостува на „Риазор“ против Депортиво Ла Коруња.

Лионел Меси ја отвори серијата голови, а Андре Гомеш зголеми на 2-0 во 30.минута. Осасуна преку Роберто Торес намали на почетокот на вториот дел, но потоа почна канонадата кон нивниот гол. Андре Гомеш го постигна третиот гол, потоа повторно стрелаше Меси, а серијата продолжи и со Пако Алкасер, кој беше двоен стрелец, како и Хавиер Маскерано, кој погоди од белата точка. Тоа е прв гол воопшто за Аргентинецот за седумте години на „Камп Ноу“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top