Непријателот и предавниците на сопствениот народ не спијат – длабоко се навлезени во ништење на Македонија и ги употребуваат сите механизми, беше истакнато вечерва на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Струмица.
– Во иднина ќе пробаат преку разни злоупотреби на таргет групи, со наводно душогрижничко однесување за нив, со бркање на секој инвеститор и создавање клима дека овде не е добро да инвестира никој. Ве повикуваме секојдневно на масовност и да ве информираме за се што гледаме и сакаме да споделиме предвреме со вас, за да бидеме подготвени и да знаеме како да се одбраниме од таквите напади кон нашата држава, кои имаат за цел да дојде до промена на власта и поделба на оваа земја со менување на име, химна, знаме, идентитет и се што значи македонско да биде однесено во историјата, рече Јане Ангелов.
Ги повика пратениците, советниците и партиската структура на ВМРО- ДПМНЕ да се приклуучи на протестите, а локалните претставници од СДСМ да се откажат од тиранската платформа.
Ние немаме проблем со никого рече, Панчо Гогов. – Но, тој што правел криминал, што правел ујдурми, што наштетил на луѓе – тој човек ќе живее цело време со хаосот во неговата глава – тој ќе си го има и носи проблемот со паранојата и сивилото и ладното во него. Ние како искрени граѓани тоа нема да го имаме никогаш затоа што кај нас провејува љубовта, почитта еден кон друг. Ние немаме проблем со никого, ниту со Албанци, ниту со Роми, со Власи, со Турци, со Срби, рече Гогов.
Протестот продолжи со мирен марш низ централното градско подрачје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)