| четврток, 6 декември 2018 |

Најодговорно тврдам дека се користени најдобрите материјали и технологии (ВИДЕО)

Во Валандово во завршна фаза е изградба на рудник, кој го гради компанијата Стардиџ, која е со седиште во Лондон. По референдумот во Гевгелија, граѓански здруженија решија да барат таков референдум и во Валандово, иако валандовчани уште од 2015 година знаат дека ќе се гради рудник во нивниот град, за што и имало јавна расправа.
Соња Лепиткова тврди дека за градење на рудник се барале максимални стандарди за заштита на животната средина.
Законите за дозвола за изградба на рудници во Македонија се применуваат и поригорозно отколку во Европската унија, ова во гостувањето во Јади Бурек на Сител 3 телевизија го изјави државниот секретар во Министерството за животна средина Соња Лепиткова.

-Одговорно тврдам се бараше да се постави високо ниво на глина, која што нема да има пропусност, непорозна за водите. После тоа се поставува геомембрана, геотекстил, побаравме да не биде од кинеско производство, сертификат за највисоко ниво, мислам од некои германски материјали имаат набавено, кои мислам дека се број еден во светот против загадување на подземните води, изјави Лепиткова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top