| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонците немаат ни 10 минути да се сокријат од севернокорејска ракета

Јапонија почна да дава упатства и СВОЗ насоки за евентуален ракетен напад од непредвидливите комшии кои ги води она дебелко психопатче Ким Јонг Ун. А немаат што многу да им кажат, освен сериозно да побрзаат.

Режимот на Северна Кореја сè погласно се курчи дека подготвува ракети кои ќе можат да дофрлат до САД но тоа ги потсетува Јапонците дека одамна се на домет на непредвидливите комшии.

Сајтот на јапонската агенција за цивилна заштита во нормално времиња има околу 450.000 посети месечно. Само во првите денови на април, истиот сајт го посетил 5, 7 милиони луѓе кои ја преполниле секцијата за „Често поставувани прашања“.

А надлежните генерално немаат што многу корисно да им кажат. Освен дека е тенко со времето. Испалена ракета од Северна Кореја до Јапонија стигнува за нецели 10 минути. Ако се нае дека тревогата баш и нема да се вклучи во моментот кога ракетата ја напушта лансирната рампа, тогаш времето за евентуално засолнување и евакуација е уште пократко.

Три од четири ракети кои Северна Кореја ги испали во март оваа година паднаа во ексклузивната јапонска трговска зона на водата која ги раздвојува двете земји. Луѓето на Ким соопштија дека се вежбаат да ги гаѓаат американските бази. Но уште во 1998 година Северњаците ја испалија нивната Теаеподонг 1 ракета која ја надлета Јапонија и падна во водите на Пацификот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top