Работењето и мешањето во внатрешната политика на Македонија на Џорџ Сорос беше тема во прилог на унгарската телевизија „М1“. Државата од која потекнува и тој е една од оние што се бунат за мешањето на Сорос во внатрешните политички работи на државите низ светот.
Прилогот почнува со протестите на граѓаните, кои во голем број на улиците низ целата земја бараат да се отфрли тиранската платформа
–Од последните избори во декември лани, во Македонија се секојдневни уличните демонстрации. Сега луѓето се излезени на протести бидејќи бараат предвремени избори. Не сакаат СДСМ да формира влада со поддршка на албанските партии бидејќи албанските партии нивната поддршка ја условуваат со исполнување на редица барања кои се неприфатливи за македонското мнозинство граѓани. На пример, албанскиот јазик да стане официјален на целата територија на државата – се вели во прилогот на унгарската телевизија.
Во прилогот се пренесува и изјава на Борис Дамовски, еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кој зборува за тоа дека Џорџ Сорос преку неговите организации врши влијание врз македонската внатрешна политика и настојува државата да се подели.
–Тој е едно чудовиште кое е одговорно не замо за сѐ што се случи во Македонија, туку за тие низ целиот свет, Унгарија е вториот пример за тоа – вели Борис Дамовски.
Во прилогот се пренесува и изјава на Унгарецот Јожеф Шутуш од Војводина, кој три децении живее во Македонија, тој вели дека отпорот кон организациите на Сорос постојано расте кај граѓаните.
–Она што тој би сакал да види, во оваа држава да не постојат нации, не постои чување на историјата, традициите, да не се одржува култот на јазикот, просто да се вклопиме во глобалните текови – вели Шутуш.
Унгарската телевизија издвојува време и за цивилната организација „Стоп операција Сорос“, која ги повика нејзините приврзаници да излезат на улиците.
„Сорос надвор од Македонија!“, „Не за владата на Сорос!“ беа натписи на транспарентите кои во текот на март демонстрираа против влијанието на Џорџ Сорос во оваа балканска држава, се вели во прилогот.
Никола Србов, еден од основачите на СОС Македонија, за унгарската телевизија изјави дека постојат докази за тоа дека милијардерот се меша во внатрешната политика на Македонија. Според него, не е случајност ниту тоа што внатрешно политичката криза во Македонија ескалираше во моментот кога Македонија активно се вклучи во одбраната од мигрантскиот бран.
–Организациите блиски до фондацијата на Сорос ги дестабилизираат државите вдолж балканската рута, Турција, Македонија, а најново и Унгарија. Целта им е по дестабилизацијата на овие држави, мигрантите непречено да стасаат до Западна Европа, по балканската рута, а како тоа што однапред го испланираа, дел од нив да остануваат во државите вдолж рутата – вели Србов за унгарската телевизија.
Во прилогот се говори и за интервјуто на претседателот Ѓорге Иванов за М1, во кој зборува за тоа дека оваа балканска држава е тема на разговори и во САД и додава дека повеќе цивилни организации и членови на Конгресот се занимаваат со ова прашање.
–Социјалните мрежи се храна за лажните вести преку кои креираат една алтернативна реалност, а на тоа жртвите сме ние тука во Македонија, а бенефитите од тоа ги имаат цивилните организации во Македонија, чиишто членови се поддржани од мрежата на Џорџ Сорос. Ние сметаме дека еден дел од парите на даночните обрзници на САД се потрошени за финансирање на насилни акции, како што беше палењето на мојата канцеларија за странки. Цивилните организации тврделе дека палењето беше дел од демонстрациите, но во предметот се спроведува истрага – вели Иванов.
Во прилогот се вели и дека активностите на Џорџ Сорос во Македонија предизвикаа бранување и во САД. За тоа пишува и 888.hu. Според оваа интернет страна, Џуидишал воч, организација која ги надгледува активностите на Владите, ќе ги тужи и Министерството за надворешни работи и Агенцијата на Владата со барање да се објават содржините на договорите со Фондацијата Отворено општество и организациите во Македонија кои, исто така, се блиски со милијардерот Џорџ Сорос, бидејќи го обвинуваат дека се меша во внатрешната политика во Македонија, па дури можно е и тоа дека тој стои и зад уривањето на владата во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)