| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжуваат протестите на иницијативата „За заеднчка Македонија“ (во живо)

Продолжуваат протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“ на кои македонските граѓани го кажуваат својот глас против тиранската платформа на албанскиот премиер Еди Рама.

За аналитичарите токму граѓаните се клучни во спречување на операцијата за федерализација и кантонизација.

Токму коалицијата на Заев е таа што повеќе од еден месец бара начин како да ја прескокне дебатата во Собранието и да избере нов спикер како прв чекор на патот до формирање нова влада.

Претседателот Иванов веќе излезе со став дека нема намера да даде мандат на влада формирана врз основа на платформа од туѓа држава, а од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ велат дека се подготвени на сѐ доколку некој се реши да го игнорира нивниот глас

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top