Блискиот соработник и пријател на Зоран Заев, Захир Бекири-Чауш, најавува формирање нова партија, која треба да ги обедини сите муслимани.
На овие избори СДСМ, според зборовите на нивниот пратеник Мухамед Зекири, освои околу 70.000 албански гласови, но веројатно проценките се дека партијата може да одземе уште поголем број гласови доколку на некаков начин ги привлече муслиманите и по верска линија.
„Наскоро нека ни биде со среќа Демократската партија на муслиманите во Македонија (ДПММ). Убедливо ќе ги гасиме сите бошњачки, ромски, турски, дурти и албанските партии ќе се обединат сите во оваа партија заедно во исламот“, пишува Чауш на својот профил на „Фејсбук“.
Захир Бекири-Чауш беше одговорниот во СДСМ за реализација на „Фабриката за афери“, кој за брзо време беше разобличен пред јавноста. Заев неколку пати во свои интервјуа признаваше дека Чауш е член на СДСМ.
Неодамна во емисијата „Во центар“ новинарот и аналитичар Васко Ефтов изнесе податок дека Катерина Бекири, сопруга на Захир Бекири-Чауш, е дел од пошироката фамилија на Зоран Заев.
-Ние ќе потенцираме еден факт, дека сопругата на Чаушот е од потесното фамилијарно стебло на Зоран Заев. Односно од пошироката фамилија на Зоран Заев е сопругата на Чаушот. Не велам дека таа е врската помеѓу Чаушот и Зоран Заев, меѓутоа тој факт би било добро да биде нотиран – рече Ефтов.
Во мај минатата година Чауш на паузата од рочиштето во Основниот суд Скопје 1 направи инцидент. Тој пред судницата, со раце врзани со лисици, почнал да извикува „Алаху акбар“ (Алах е голем), а десетина припадници на ЕБР се обидувале да го задржат. Бекири упатил и неколку пцости и навреди до припадниците на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)