| четврток, 6 декември 2018 |

Беше тепана, а сега е повторно вљубена и подготвува свадба!

милица

Поранешната кошаркарка Милица Дабовиќ ја испланира својата свадба на егзотична дестинација.

Милица, која пред два месеци помина низ трауматичен период кога нејзината врска со Симон Сиклиќ насилно заврши, е подготвена за нов почеток.

-Тоа што го преживеав и доживеав на своја кожа, треба да си ментално силен за од тоа да излезеш како победник. Јас го видов светлото на крајот од тунелот, тоа беше Вук кој му подаде рака и ми кажа „Ајде заедно да победиме се“, вели Милица за една српска емисија.

Таа наскоро ќе го однесе Вук на романтично патување на Бора Бора каде би требало да се венчаат.

-Вук едвај чека да застанеме на лудиот камен и инсистира на тоа. Тој многу добро знае што сакам и брзо тоа ќе се случи. Отсекогаш имав желба ако некогаш се мажам тоа да биде на некој остров. Вук досега ги исполни сите мои желби, зошто да не продолжи, додава Дабовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top