Експертот ангажиран од Катица Јанева и претседател на Советот на интелектуалци на СДСМ, Мирослав Грчев, во гостувањето на емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов гордо истакна дека стои зад сите навреди кои во последниот период ги напиша во своите колумни, и додаде дека тие ги пишува во функција на претседател на Советот.
Васко Ефтов, жестоко спротивставувајќи му се на Грчев, рече дека неговите навреди оти „вмровците се мајмуни“ се расистички и дека во други држави не би можел да биде професор со вакви изблици на расизам.
– Тоа не одговара на цивилизациска дебата. Овие „мајмуни“ плаќаат данок, а од тие даноци кои ги плаќаат тие „мајмуни“ земате плата како универзитетски професор – истакна Ефтов.
Во една од неговите колумни Грчев за граѓаните кои се дел од Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ пишува дека се „хибернирани кретени“.
Ефтов побара од Грчев да даде дефиниција за зборот кретен.
-Тоа е поим за тешко ментално заостанат или пореметен човек – истакна Грчев, дополнувајќи дека сѐ уште е првиот човек на Советот на интелектуалци на СДСМ и оти стои зад секој збор кој го напишал.
„Скотови“ „Кретени и криминалци“, „Мафијашко-партиска држава со фашистичко идеолошко ударение“, „Арамии, лопови и ништожници“, „Девијантните криминални умови“ се само дел од бројните недолични клевети и навреди искажани од експертот ангажиран од Катица Јанева.
Според експертот на Јанева, фрлањето со боја и палењето на народната канцеларија на Претседателот е уметнички перформанс.
Грчев вели дека штетата на канцеларијата била само 8.000 евра, споредувајќи дека тоа е исто како и сообраќајна несреќа со мала материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)