| четврток, 6 декември 2018 |

Шок во Турција, се самоуби чешки репрезентативец

ceska fudbaler

Чешкиот дефанзивец, фудбалер на турскиот Газијантеп, Франтишек Рајторал пронајден е мртов во својот дом во Турција. Полицијата потврди дека се работи за самоубиство.

– Сите бевме загрижени кога не се појави на тренинг… По информациите од полицијата може да потврдам, за жал, дека е точна веста за самоубиството на Рајторал. Шокирани сме затоа што не изгледаше дека има било какви проблеми. Навистина не можеме да претпоставиме што му се случило – истакна претседателот на Газијантеп, Ибрахим Кизил.

Поголемиот дел од својата кариера 31-годишниот Франтишек ја мина во Чешка, а пред да дојде во Турција одигра и една сезона во Хановер. За репрезентацијата на Чешка имаше 14 настапи.

– Никој не очекуваше вакво нешто. Сите сме во огромен шок… Беше фантастично момче, и ние во клубот само каков таков ќе го паметиме – вели и неговиот тренер Булент Ојгун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top