Вечерва на сцената на Велешкиот театар во рамки на „Танц фест 2017“ е претставата „Кожа“, во кореографија на Матеа Киселичка, Адријана Данчевска и Рисима Рисимкин.
Претставата е составена од три кореографии „Котел“ на Рисимкин, на оригинално направена музика на Тони Китановски, „Погрешно“ на Данчевска, на музика на групата „Верка“ и кореографијата под наслов „Истиот извор“ на Киселичка, за која таа направи избор на музика од повеќе автори.
Костимите за целата претстава ги обликуваше Благој Мицевски. Во претставата учествуваат танчерите на Скопје танцовиот театар: Александар Петрушевска, Јакуб Мунко, Дејан Битровски, Тринга Хиса, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Матеа Киселичка, Адријана Данчевска и гостите од Кина, Ванг Нинг и Ли Је.
Утре, на 25. април е свечено затворање на фестивалот на сцената на Велешкиот театар со претставата „Колевка” – Creddle, во кореографија на Грегор Луштек. Ова е европска копродукција која е прва од овој вид. Продукцијата Exodos Ljubljana каде продицент е Наташа Заволовчек, а како копродуценти се Beijing Dance Academy, Dance Fest Skopje, Society Party, TanecPraga.
Во претставата учествуваат: Анастасија Данчевска, Жиган Крајнчан, Ева Кронберга, Јанис Путнинш, Кристина Шајтошова, Злонг Зен, Лиу Јутинг, Ли Чанзе, Пао Јухонг, Феи Гуанхан, Фен Дандан, Рен Кингцаиннг.
Вклучени се и кинески танци во претставата за кои помогна Тан Хао.
Грегор Луштек е активен во театарот. Тој е танчер, кореограф, асистент, режисер, понекогаш и актер. Работи во повеќе различни техники кои се поврзани со импровизација. Неговиот израз се базира на основата на анатомската структура на телото.
Тан Хао, педагог за танц на Танц академија во Пекинг и соработник во претставата „Колевка”, е експерт за кинески класичен танц. Тој освои неколку престижни национални награди за неговото туторство, педагошка и кореографска работа.
Колевка е прв проект на C-СИЕ Танц унија. Тоа е резултат на Танц Камп, меѓународен двегодишен проект C-СИЕ направен во соработка со Академијата за танц во Пекинг. Нејзиниот извршен продуцент е Наташа Заволошек, со асистенција на интернационалните и едукаторни експерти Рисима Рисимкин и Олга Луштек.
Во септември 2016 година, кореографот Грегор Луштек избра шест најдобри танчери од два летни кампа кои се одржаа во Кина, а во март 2017 година тој избра дополнителни шест танчери од Танц академија во Пекинг, за да почне да работи на овој проект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лицето покажува што јадете погрешно: Вино-црвенкаста кожа, глутен-отечени образи, шеќер…
-
Што да направите кога ќе изгорите на сонце и кожата ќе почне да ви се лупи?
-
Кожата сигнализира на болести: Проверете ги сигналите што ви ги дава
-
Во Холивуд не е добро да имате вишок килограми: Ова е суровата реалност (галерија)