Комисиите кои Владата на Република Македонија ги формирашеза проценка и проверка на штетите предизвикани над земјоделските култури поради неспецифично ниските температури во овој период од годината, работат со полна пареа. Денеска увид на работата во Кавадарци изврши заменик министерот на МЗШВ, Ванчо Костадиновски.
–По добиените извештаи од УХМР и она што беше забележително во изминативе неколку дена, знаете веќе ја информиравме јавноста, вчера излеговме на терен да направиме првичен увид. Јас бев присутен во преспанскиот регион, а останатите мои колеги од подрачните единици на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и други членови од мојот тим и од министерството, беа присутни во сите региони во Република Македонија и јасно и евидентно е она што го укажуваше УХМР дека неспицифичните временски услови ќе предизвикаат штети на овошните насади во цел регион, во сите региони во Република Македонија, изјави Костадиновски.
Владата вчера на вонредната седница донесе две одлуки за решавање на проблемите со кои се справуваат во овој момент земјоделците, една од нив е формирање на комисиите за проценка на штетите.
–Од тие извештаи и констатацијата на лице место, после 2-3 дена од поларните студови, кои што ја зафатија Република Македонија се констатираше дека овошните насади претрпеа значајни штети и заради тоа владата итно заседаваше и донесе две значајни одлуки, кои што се однесуваат на итно формирање на комисии. Уште во текот на седницата на владата беа формирани комисии, во состав од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, стручни лица кои што се експерти од областа на земјоделството, посебно во овоштарството, од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието, од земјоделскиот инспекторат, да излезат на терен, изјави Костадиновски.
Втората одлука пак која беше донесена е да се формира комисија која ќе направи методолија врз која ќе се прави проценката на штетите.
–Како што гледате сега сум во увид на терен заедно со комисијата од подрачната единица на МЗШВ во Кавадарци, да направам увид како тече постапката во делот на обездевуањето на итна првична процена на штетите што се предизвикани од мразот. Втората одлука која беше донесена е да се формира интересорска комисија помеѓу институциите кои ќе ја утврдат методологијата врз основа на која ќе се направи проценката на штетите, базирана на првичните проценки од страна на комисиите кои што треба да ја реализираат во најкраток можен рок, изјави Костадиновски.
Костадиновски вели дека временските неприлики предизвикале штети во целата држава, освен во две-три општини во јужниот дел на Македонија. Како што кажа тој врз основа на извештајот кој го утврди УХМР, владата итно донесе одлука за констатирање на временските неприлики.
–Јас сакам само да кажам дека и она што го утврди како извештај УХМР во соработка со МЗШВ, е дека е зафатена територијата на Република Македонија во целост, сите региони, со исклучок на две-три општини, Гевгелија, Дојран, Валандово во јужниот дел на Република Македонија, каде што најголемиот дел од земјоделските површини кои што се со овошни насади не беа зафатени од овој неповолен климатски настан. Врз основа на она што беше објавено, владата итно ја донесе таа одлука за констатирање на временските неприлики, неповолните климатски настани и можам да кажам дека во сите региони комисиите се присутни од денешниот ден, значи итно постапуваат, ја прават таа првична проценка и врз основа на тоа ќе бидат подготвени извештаи за сите региони, за сите региони во Република Македонија, освен за општините кои што ги спомнав и на база на тие проценки ќе се направи методологијата по која што ќе се врши проценката на штетите и по која што ќе постапува комисијата за утврдувањето на штетите предизвикани од мразот, изјави Костадиновски.
Заменик министерот им порача на земјоделците да не се секираат, бидејќи тие секогаш ќе бидат тука за нив кога е тоа потребно.
–Сакам да упатам еден апел до сите земјоделци кои претрпеа штети, дека ние сме секогаш со земјоделците и сме постојано со нив, секогаш се грижиме за нивните интереси и како што во изминатиот период во изминатите години имавме искуство во помагање на штетите од неповолните временски настани и овој пат ќе помогнеме, како влада и како министерство во надминувањето на проблемите предизвикани од овие штети, изјави Костадиновски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.