| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус со четири парчиња во мрежата ја испрати Џенова (видео)

juventus

Јувентус чекори напред кон нова титула во Серија А откако избраниците на Масимилијано Алегри со нова рутинска победа јасно ставија до знаење дека немаат намера да го намалат темпото со кое „газат“ во текот на целата сезона. Овојпат „старата дама“ за противник ја имаше Џенова, а мотив повеќе беше фактот дека Јуве во првиот дел од сезоната загуби од овој ривал, па вечерва го декласираше со 4-0.

Првиот погодок всушност беше автогол на Муњоз, веднаш потоа прецизно биеше и Дибала, на 3-0 со убав гол зголеми Манџукиќ, но потегот на натпреварот го имаше Бонучи, кој со еврогол стави точка на оваа средба.

Дефанзивецот истрча триесетина метри, за потоа со силен и прецизен удар да ги постави конечните 4-0, уште еднаш покажувајќи зошто важи за еден од најкомплетните одбранбени фудбалери во светот.

Горан Пандев и покрај најавите дека ќе биде стартер, воопшто не влезе во игра на гостувањето против актуелниот шампион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top