Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски продолжи да тресе мрежи во Швајцарија во дресот на Лугано и погоди на натпреварот против Јанг Бојс.
Брзоногиот фудбалер го изненади противникот уште во 6. минута од мечот, кога постигна гол за водство на неговиот тим. Акцијата почна од Алиоски, па заврши кај Садику, а откако Албанецот забележа дека македонскиот репрезентативец има отворена позиција пред голот го проигра, а тој без проблем погоди во празната мрежа на Јанг Бојс.
За Алиоски, кој погодува трет натпревар по ред, погодокот против Јанг Бојс е 15 сезонава. Македонецот се наоѓа на второто место на листата на стрелци.
До крајот на мечот двата тима постигнаа по еден гол за голема победа на Лугано кај фаворитот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)