Според пишувањата на италијанските медиуми, Марио Балотели, фудбалерот на француска Ница, од наредната сезона би можел да игра во Турција.
Италијанскиот напаѓач одигра солидна сезона во Франција, но неговиот договор истекува ова лето, а се шпекулира дека истиот нема да биде продолжен. Неговиот агент, Мина Рајола веќе контактирал со екипата на Галатасарај, која е заинтересирана за услугите на 26-годишниот фудбалер.
Во француското првенство, Балотели запиша 15 гола на 24 одиграни натпревари во дресот на Ница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.