Германскиот првак Баерн одигра нерешено 2-2 во натпреварот од 30. коло од Бундес лигата на домашен терен со Мајнц.
Гостите пропуштија шанса за победа особено што во два наврати водеа со головите на Бојан Кркиќ во 3.минута и на Даниел Бросински во 40.минута од пенал. Головите за Баерн ги постигнаа: Ариен Робен 16.минута и Тиаго Алкантара во 73. минута.
Резултати: Баерн – Мајнц 2-2, Ајнтрахт – Аугсбург 3-1, Хамбургер – Дармштат 1-2, Инглоштат – Вердер 2-4 и Херта – Волфсбург 1-0.
На вчера одиграниот натпревар од оваа рунда Келн – Хофенхајм 1-1.
Во терминот од 18:30 часот играат: Борусија Менхенгладбах – Борусија Дортмунд.
Утре играат: Фрајбург – Баер Леверкузен и Шалке – Лајпциг.
Табела: Баерн 70 бодови, Лајпциг 61, Хофенхајм 55, Борусија Дортмунд 53, Херта 46, Вердер 42, Келн 41, Ајнтрахт 41, Фрајбург 41,…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.