| четврток, 6 декември 2018 |

Илиевски: Само преку избори граѓаните ќе ја отфрлат Тиранската платформа (видео)

Само преку нови избори граѓаните на Република може да ја отфрлат Тиранската платформа, смета Богдан Илиевски, еден од иницијаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Макеоднија“. Тој во изјава за „Канал 5“ рече дека Тиранската платформа не само што е документ што е создаден во друга држава, што претставува преседан и апсурд сам по себе, туку е и документ подметнат после изборите.

– Никој македонски граѓанин на изборите не заокружил ниту една бројка  која била поврзана со Тиранската палтформа. Сметаме дека избори се единственото решение како механизам преку кој народот ќе може да ја отфрли Тиранската платформа и да им даде до знаење на неразумните лидери на политички партии дека на еден таков документ не му е местото во Република Македонија. Изборите се единствениот излез од оваа криза кој што го посакуваме – рече Илиевски.

bogdan-ilievski-640x349 (1)

Иницијаторите на „За заедничка Македонија“ веќе 55 дена се на улиците.

– После 5о и кусур дена покажавме дека сме посилни од Тиранската платформа, дека победуваме против обидите за избор на влада, на претседател на Собрание качени на Тиранската платформа. Поради „пат ситуацијата“ во која се ставени, видовме дека некои политички чинители во нашата држава немаат баш волја да ја отфрлат тиранската платформа и истата да ја осудат – рече Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top