| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер еден и единствен, ја забележи 900. победа во кариерата

Роже Федерер е еден и единствен во светот на тенисот, со многу рекорди зад себе, а од вчера и со 900 победи во пребогатата кариера. Се намачи против незгодниот противник Жил Симон, но, сепак, стаса до јубилеј, а патем не дозволи да му се прекине серијата од четвртфинални настапи на сите  четири гранслем-турнири во последните девет сезони.

Швајцарецот поведе со 1-0 во сетови, по блескавиот почеток и само еден загубен гем, но потоа падна во играта и му дозволи на Симон да се врати во игра и на дојде на само еден сет до подвиг. Жил водеше со 2-1 во сетови, а и тоа е недеоволно да се победи веројатно најдобриот тенисер на сите времиња.

French Open tennis tournament at Roland Garros

Федерер се врати во ритам и во препознатлив стил ги доби последните два сета за победа од 3-2 и пласман понатаму. За полуфинале на Ролан Гарос ќе игра против третиот француски тенисер во низа, а овој пат од спротивната страна на мрежата ќе биде Жо Вилфрид Цонга. Пред него ривали на Федерер му беа домашните адути Бенето и Симон.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top