| четврток, 6 декември 2018 |

Десничарите во предност: Франција избира претседател

11 кандидати се приклучија на претседателската трка во Франција, која ќе се одржи утре. Фаворите се четворица кандидати, па е неизвесно кој ќе обезбеди целосно мнозинство

 

За прв пат во 15 години крајнодесничарскиот Национален фронт има реални шанси за победа под водство на Марин Ле Пен.

Поранешниот фаворит, централно-десничарскиот републиканец Франсоа Фијон, сè уште е во трката и покрај тоа што е под истрага за наводна злоупотреба на јавните фондови. Екстремно левичарскиот кандидат Жан Лук Меланшон моментално е во пораст.

За првпат во историјата на современа Франција, актуелниот социјалистички претседател Франсоа Оланд не се кандидира за втор мандат поради лошиот рејтинг.

Марин Ле Пен, Национален фронт

mari le pen

Марин го презеде водството на Националниот фронт во јануари 2011 година и дојде на третото место на претседателските избори уште следната година. Високо котираше и на регионалните избори на крајот на 2015 година.

Анкетите покажуваат дека е изедначена со Емануел Макрон, меѓутоа мала е веројатноста да го победи во вториот круг.

Во 2010 година, пред да биде избрана за претседател на партијата, Марин ги спореди муслиманите кои се молат на улиците со германската окупација. Но, од 2011 година таа ја омекна реториката и се обиде да изгради мост, но со еврејската заедница.

Како што се приближуваа изборите таа ја зајакна позицијата ветувајќи дека ќе ја забрани нелегалната, но и легалната имиграција. Таа исто така предизвика бес кога погрешно се изрази и рече дека Франција нема никаква одговорност за депортирањето на 13.000 Евреи во Втората светска војна.

Двапати е разведена, има три деца и живее во западното преградие на Париз.

Што нуди Мари Ле Пен

– Преговори со Брисел за нова ЕУ, проследена со референдум
– „Автоматско“ протерување на нелегалните имигранти и легалните имигранти до 10.000 годишно по итен мораториум
– Затворање на екстремистичките џамии
– Возраст на пензионирање на 60 години и 35-часовна работна недела

Емануел Макрон, Во движење

emanuel makron

На 39 години тој има вистинска шанса да стане најмладиот претседател на Франција, бидејќи анкетите покажуваат дека ако успее да влезе во вториот круг на 7 мај, ќе ја порази Марин Ле Пен.

Тој не е пратеник и никогаш не учествувал на избори, меѓутоа неговата политичка пораст е метеорска. Работел како економски советник на претседателот Оланд пред да ја преземи функцијата министер за економија во 2014 година.

Кога ја основа партијата Во движење како „ниту левичарска ниту десничарска“ во април 2016 година, неговата позиција во социјалистичката влада стана неодржлива и тој поднесе оставка пред да ја започне претседателската трка.

Макрон е во брак со својата поранешна професорка по француски јазик која е 20 години постара од него.

Што нуди Емануел Макрон

– 50 милијарди евра план за јавни инвестиции за да покрие работа-обука, излез од јагленот и префрлување на обновливи извори на енергија, инфраструктура и модернизација
– Надомест на вкупните трошоци за очила, протези и слушни помагала
– Големо намалување на данокот на доход и поголема слобода за компаниите да преговараат за 35 часовна работна недела
– Намалување на стапката на невработеност до 7% (сега е 9.7%)
– Забрана за користење на мобилни телефони во училиштата за учениците под 15 години и 500 евра културна пропусница за 18 годишните

Франсоа Фијон, Републиканци

French member of Parliament and candidate for the right-wing primaries ahead of France's 2017 presidential elections, Francois Fillon gestures as he delivers a speech following the first results of the primary's second round on November 27, 2016, at his campaign headquarters in Paris. France's conservatives held final run-off round of a primary battle on November 27 to determine who will be the right wing nominee for next year's presidential election. / AFP / Eric FEFERBERG        (Photo credit should read ERIC FEFERBERG/AFP/Getty Images)

Кога Фијон ја доби номинацијата за претседател од својата централно-десничарска партија, тој веднаш стана фаворит. Тој успешно ги победи Никола Саркози и Ален Жипе, кои низ годините беа проследени со контроверзии. Сега контроверзиите го следат токму Фијон.

Беше обвинет дека сопругата и двете деца неправилно добивале јавни средства. На почеток изјави дека ќе се повлече од трката ако е ставен под формална истрага, но јасно беше дека ќе се премисли.

И покрај истрагата, тој не е далеку зад двајцата фаворити на изборите и неговата кампања станува убедлива.

Фијон студирал право и се оженил со сопругата од Велш Пенелопе Кларк во 1980 година. Имаат 5 деца.

Што нуди Франсоа Фијон

– Работни места во јавниот сектор и работната недела од 35 часа.
– Отстранување на данокот на богатство
– Да им го укине француското државјанство на џихадистите кои се враќаат од војните во Ирак и Сирија
– Укинување на санкциите на ЕУ за Русија и помош за сирискиот претседател Башар ал-Асад за да ја порази Исламска држава.

Жан Лук Меленшон, „La France Insoumise“

zan luk maleshon

Екстремно левичарот Жан Лук е помеѓу четирите главни фаворити и е поздравен како сериозен кандидат.

„Уште еднаш, тие најавуваат дека мојата изборна победа ќе предизвика нуклеарна зима, чума од жаби, тенкови од Црвената армија“, изјави Меленшон.

Тој стана центар на внимание со остриот хумор во телевизиските дебати и ја импресионира публиката со својата високотехнолошката кампања, во која користеше холограм, па така одржуваше митинзи во шест града истовремено.

Што нуди Жан Лук Меленшон

– Гласање на возраст од 16 години и „Шестата република“ да го замени постоечкиот претседателски систем
– Уставотворното собрание да се здобие со поголеми овластувања
– Преговор за договорите на ЕУ, со цел мерките за штедење да ѝ овозможат на француската држава да направи голема еколошка програма за стимулирање на економијата
– Нула бездомништво и целосен надомест на здравствената заштита
– Да се препознае истоштеноста и умореноста како професионална болест

Беноа Хамон, Социјалистичка партија

benoa hamon

Познат како левичарски бунтовник во рамките на Социјалистичката партија, поранешниот министер за образование Беноа Хамон го победи поранешниот премиер Мануел Валс.

Познат како францускиот Бени Сандерс тој се бори да стигне на врвот на претседателската трка, делумно поради конкуренцијата од Жан-Лук.

Што нуди Беноа Хамон

– Да ја легализира марихуаната и да го оданочи богатството генерирано од страна на роботи кои се на работните места на луѓето
– Да го поништи законот од 2016 година со кој полесно се вработуваат и отпуштаат работниците
– План за основен приход за зголемување на платите на оние кои заработуваат помалку од 2.185 евра месечно
– Секој невработен да добива 600 евра месечно, а оние со минимална плата околу 200 евра месечно
– Обновливи извори на енергија да формираат 50% од електричната енергија до 2025 година

Ова се другите шест кандидати кои учествуваат во претседателската трка:

francija pretsedatelski 2

Натали Артауд, Борба на работниците – Бара да се забрани отпуштањето и намалувањето на работните места; бара зголемување на платите и пензиите до 1.800 евра; наметнување на контрола за работниците на претпријатија и сопственост на средствата за производство.

Франсоа Аселине, Популарна републичка унија – Националист кој е анти-американски насочен. Бара повлекување на Франција од ЕУ, повлекување на еврото и повлекување од НАТО.

Жак Шеминад, поранешен државен службеник во Министерството за економија – Има за цел Франција да излезе од ЕУ како и да се укине еврото.

Никола Дупон-Аигнан, Debout La France“ – Сака да ја напушти еврозоната и да се откаже од ЕУ, повисоки етички стандарди за избраните функционери, и ставање на борбата против тероризмот во центарот на надворешната политика.

20170422-pretsedatelski-izbori-vo-francija-koi-se-kandidatite-8

Жан Ласал, независен пратеник – Жан сака да преговара за европските договори. Во 2006 година штрајкуваше со глад во обид да зачува 140 работни места во една фабрика.

Филип Поуто, поранешен фабрички работник – Сака да ја намали старосната граница за пензионирање на 60 години, намалување на работната недела на 32 часа како и да ги направи абортусот и контрацепцијата бесплатни и достапни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top