Медиумите во Англија пренесуваат дека се поголеми се шансите Тери следната сезона да биде дел од Арсенал, откако коефициентите во обложувалницата „Вил Хил“ значително опаднале.
И ако за овој трансфер пред некој ден на една вложена фунта ќе заработевте 33, сега за една вложена фунта добивката изнесува само пет фунти.
По 22 сезони во Челси, Тери заминува, а во редот за играчот стојат повеќе тимови. Од Премиер лигата интерес има од Бурнемут и ВБА, како и повеќе тимови од Кина и МЛС лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.