За Златан Ибрахимовиќ, кој се повреди синоќа во реваншот од четвртфиналето во Лига Европа на дуелот на неговиот Манчестер Јунајтед против Андерлехт, сезоната заврши.
Шведскиот фудбалер со болен израз на лицето го напушти теренот, а по денешните детални прегледи информациите од Манчестер се дека тој нема да игра до крајот на оваа сезона, а кога ќе се врати на теренот за сега не е познато.
Ова се лоши информации за Манчестер Јунајтед кои во следниот период ќе го нема во составот првиот напаѓач.
Јунајтед синоќа се избори за полуфинале во Лига Европа каде ќе се сретне со Селта, а во Премиер лигата го очекуваат уште седум натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.