| четврток, 6 декември 2018 |

Грми пред Собрание: Избори се за финална победа (ВИДЕО)

Граѓаните на денешниот протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ громогласно скандираа „Избори се за Македонија“, откако претходно членовите на иницијативата ги пренесоа пораките од Македонскиот народен документ.

Со овој документ се бараат избори за финална победа.

– Бараме предвремени парламентарни избори во Република Македонија. Избори на кои народот ќе ја отфрли во целост Тиранската платформа, направена во друга држава под патронат на премиер на друга држава!!! Од денес натаму ИЗБОРИ се основното барање на Граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“, на сите Македонци, Абанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци кои нè поддржуваат. Ова барање е логичен и рационален продолжеток на сите наши досегашни цели. И затоа велиме „НЕ ЗА ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА!“, „ДА ЗА ИЗБОРИ ЗА ФИНАЛНА ПОБЕДА!“, се вели во документот кој беше презентиран од членовите на „За заедничка Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top