Во 2015 година Бугарија доделила државјанства на 1.275 луѓе, од кои 99 проценти не се жители на земји членки на Европска унија, објави Евростат. Најголем број од нив (17,6 проценти) се Украинци, потоа Руси (16,8) и Турци (14 отсто).
Сите странци кои добиле државјанство во Естонија, Летонија и Романија потекнуваат од земји кои не се членки на ЕУ. Најголем број на државјанства во земјите членки на ЕУ добиле Мароканци, Албанци и Турци.
Во 2015 година земјите од ЕУ дале државјанстав на околу 840.000 луѓе. Мароканците најчесто се натурализирани во Шпанија, Италија и Франција, Албанците во Италија и Грција, а Турците во Германија. Романците и Полјаците се меѓу државјаните на ЕУ, кои најчесто аплицираат за пасош на друга членка на Унијата.
Евростат наведува дека е забележан пад на бројот на молби за државјанство од 2013 година. Во 2015 година регистирано е намалување на новоиздадени државјанства во споредба со претходната за 50 000, а во однос на 2013 година за 140 000.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.