| четврток, 6 декември 2018 |

Има 12 деца и 22 внуци: Америка стана вистинска Американка на 99 години

marija-amerika

Старицата Америка Марија Хернандез (99) вчера стана државјанка на САД, пренесува БТА. Америка е родена во Колумбија во 1917, а во САД живее од 1988 година, кога нејзината ќерка Ортенсија ја повикала за да и помага во чување на нејзиното дете.  Таа има 12 деца, 22 внуци и 12 правнуци.

Вчера Aмерика потпиша документ за натурализација и ја положи заклетвата за лојалност во својот дом. ­

– Живеам во Њујорк, престолнината на светот, рече таа и развеа американско знаменце.

Според американската Служба за државјанство и имиграција, 730.000 лица добиле државјанство 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top