Престрелката најверојатно е терористички акт, соопшти француската полиција. Како што се наведува, инцидентот се случил на Елисејските полиња, кога напаѓачот отворил оган кон полицијата.
На интернет се појави фотографија на човекот кого го брка полицијата поради напад.
Напаѓачот излегол од своето возило кај бројот 102 на Елисејските полиња и од автоматско оружје пукал на полицајците, притоа убивајќи еден полицаец на самото место, рече портпаролот на француското министерство за внатрешни работи Пјер Анри Бранде.
Тој додаде дека напаѓачот потоа почнал да бега притоа ранувајќи двајца полицајци. потоа другиот полицаец кој учествувал во престрелката го убил напаѓачот, наведе Бранде.
Напаѓачот бил „на радарот“ на француските безбедносни служби поради радикални исламистички активности, рекол извор за Си Ен Ен близок во истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.