| четврток, 6 декември 2018 |

Напаѓачот во Париз сакал да ги убие полицајците на апликацијата „Telegram messaging service“ (видео)

Според извори на  BFMTV, убиецот им е познат на силите на безбедност и велел дека сака да ги убие полицајците на апликацијата„Telegram messaging service“.

Француските антитерористички истражители и националната разузнавачка служба отворија истрага за да се одреди природата на инцидентот на Елисејските полиња, соопшти Си Ен Ен од извори на француското обвинителство. Тоа значи дека сега тероризмот се набљудува како можен мотив за овој напад.

Полицијата ги блокираше Елисејските полиња, еден од најпознатите булевари на светот и шопинг центар во француската престолнина. По должината на булеварот распоредени се голем број полициски возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top