Еден полицаец и еден напаѓач се убиени во престрелка во Париз вечерва, пренесува Си Ен Ен и француското министерство за внатрешни работи. Оттаму потврдуваат дека другиот полицаец е тешко повреден и дека уште еден маж кој засега е неидентификуван е погоден во текот на престрелката на Елисејските полиња.
Засега не е прецизирано дали станува збор за напаѓач или за случаен минувач. Ријтерс пренесува дека напаѓачот која пукал на полицијата е убиен. Идентитетот на напаѓачот не е соопштен.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи рече дека мета на напаѓачите биле полицајците и дека сеуште е рано да се говори за мотивите на нападот.
#ChampsElysees #alerte pic.twitter.com/EHEPq7wwQk
— Alexandre de Konn (@lexandredekonn) April 20, 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.