Турција е единствена земја која цврсто и достоинствено застанува против сите оние што не сакаат да ја примат Македонија во НАТО поради нејзиното име. А, нејзиното име не е Грција, туку Македонија. Постојано велиме „не можете да го казнувате целиот народ поради еден збор, едно име… Земјите од Балканот се наши браќа, но и покрај сите наши напори, Нато се уште на сака да каже да на нивниот прием во Алијансата. Порано или подоцна ќе сфатат дека тие заслужувале членство.
Македонија секогаш ќе остане Македонија, a Турција секогаш ќе биде на страната на Македонија, затоа што Грција не е во право“. Ова изјава на дебата пренесувана од турската радио телевизија ја кажал премиерот Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган порачал дека Турците и Македонците се браќа и дека Турција секогаш ќе стои зад Македонците на конференцијата организирана во клубот на иселениците од балканските простори.
– Тоа што сме го заборавиле во 1912 сега можеме да го поправиме – рекол Ердоган според кого, Грција ја блокира Македонија да влезе во НАТО поради името, но Турција секогаш ќе биде до Македонија и нема да дозволи да се менува името.
– За нас, Анкара и Скопје немаат никаква разлика и никогаш нема да ги оставиме нашите браќа сами, секогаш ќе сме со нив, и секогаш ќе им помагаме и стоиме позади нив – порача турскиот премиерот Ердоган на средбата која се пренесувала во живо на турската телевизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


