| четврток, 6 декември 2018 |

Сензација во Монте Карло, најдобриот светски рекет е елиминиран во третото коло

albert ramos vinjolas

Шпанскиот тенисер и светскиот рекет број 24, Алберт Рамос Вињолас го направи најголемото изненадување на Мастерс турнирот во Монте Карло, елиминирајќи го првиот носител Енди Мареј со 2-1 (2-6, 6-2, 7-5) во сетови.

29-годишниот Шпанец покажа дека се наоѓа во животна форма, што го покажува и неговиот рекорден АТП пласман во кариерата. По победите над Оливо и Берлок, Рамос успеа да го надигра и Британецот, кој важеше за еден од главните фаворити за освојување на трофејот.

Мечот започна со доминантна игра на Мареј, кој со два брејка и 6-2 поведе со 1-0. На големо изненадување Шпанецот возврати со идентичен резултат во вториот сет, па се играше одлучувачкиот трет сет во кој шпанскиот тенисер се врати од 4-0 за на крај да слави со конечни 7-5.

albert ramos vinjolas

Во следното коло тој ќе се сретне со Марин Чилиќ, кој на патот до четвртфиналето го совлада Томас Бедих од Чешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top