За време на ретроградниот Меркур (од 9 април до 3 мај), нашите животи ќе се најдат во целосен хаос, но за цела среќа, постојат одредени работи кои можеме да ги направиме, како би сме ја преживеале сета конфузија која ќе ги обземе нашите животи, за време на неповолниот астролошки период.
Ова се работите кои задолжително треба да ги направите ако сакате да воведете малку ред во својот живот во овој период:
1.Славете ја својата врска
Вратете се на местото каде првпат се запознавте. Потсетете се на првиот бакнеж и размислувајте за сите работи поради кои ја сакате личноста со која што сте, како не би потпаднале под негативни љубовни аспекти кои ги носи ретроградниот Меркур.
2.Проверувајте се што правите на работа
За време на ретроградниот Меркур многу лесно може да дојде до конфузија и лоша комуникација меѓу колегите и клиентите. Затоа обидете се да ги избегнете сите грешки, така што се што ќе правите, ќе проверувате двапати.Ако компјутерот ви е основно средство за работа, задолжително направете дупликати од сите документи.
3. Одвојте малку повеќе пари на страна
Наместо под влијание на ретроградниот Меркур повеќе да трошите пари, погрижете се да одвоите малку повеќе пари на страна и обезбедете се од сите непредвидливи ситуации кои можат да излезат.
4.Однесете го автомобилот на сервис
Сите возачи би требало добро да го проверат автомобилот, посебно ако планираат пат, како би избегнале дефект кој се ќе им расипе. Ретроградниот Меркур негативно влијае на сите видови патување и транспорт така што можете да очекувате и метеж на патот, само погрижете се вашиот расипан автомобил да не биде причина за застој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ретроградниот Меркур почнува денеска: Овие работи никако не смеете да ги правите!
-
Ви се расипуваат апарати, не ви оди со партнерот, ви откажуваат резервации – за се е виновен ретроградниот Меркур!
-
Следува вистински пекол: Еве како да ја преживеете катастрофата!
-
Ги плаши сите: Ретроградниот Меркур е полош од петок 13, а еве кога да го очекуваме оваа година!