Јувентус одолеа на „Камп Ноу“ и не загуби од Барселона на реваншот, па уверливо се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тоа очигледно им даде дополнителна самодоверба на фудбалерите на „старата дама“, па дефанзивецот Леонардо Бонучи вели дека нема тим што би посакал да игра со италијанскиот првак. Во полуфиналето се уште и актуелниот европски првак Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Монако.
– Кого сакаме за ривал во полуфиналето? Немаме посебни желби, но мислам дека треба да ги прашате останатите ривали дали некој има желба да игра против Јувентус. Не сум сигурен – изјави Бонучи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.