| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за убиството на Велигден: „Знаеме кој го уби, а знае и полицијата“

Бил член на Бед блу бојс и страствен навивач на Динамо. Неговиот брат вели дека тој никогаш не се занимавал со матни работи.

-„Мислам дека знам кој го уби, знае и полицијата, па нека го најдат и нека го уапсат.“- вели братот на Анте Шкембера, кој на Велигден беше пронајден како лежи без свест во канал во Загреб.

Шкембера го пронашла жена која минувала и тоа половина час откако момчето било рането со нож.

Тој веднаш бил префрлен вп болница и опериран, но подлегнал на повредата и починал.

-„Беше нормален дечко кој ја сакаше Хрватска и страствен навивач на Динамо. Никогаш не се занимавал со матни работи.“- рекол неговиот пријател.

Анте заминал во петокот вечерта да се најде со некој лик и оттогаш повеќе не го виделе.

Полицијата овој случај службено не го води како убиство и немаат никој осомничено. Тие го пребарале целиот дел околу од местото каде што Анте бил буиен за да го пронајдат ножот со кој Анте бил прободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top