Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на импресивен начин со победа од 5-0 ја освои седмата титула од независноста на нашата држава, вкупно осма, сметајќи ја и едната од 1986/87 во поранешна Југославија.
Турново дојде по титула во Скопје, а си замина со „петарда“ во мрежата. Голеадата ја најави Борче Маневски во 17. минута, откако работата со асистенција до него ја заврши Хорхе Хименез.
За вториот гол на Вардар се чекаше до 33.минута. Хименез од десната страна влезе во шеснаесетникот, беше удрен со лакот од Александар Милушев, а судијата Јосип Бартон покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше најдобриот стрелец на Вардар и воопшто во шампионатот на Македонија оваа сезона, Јован Костовски.
Уште во тој момент беше јасно дека Вардар ќе ја одбрани титулата и ќе ја сошие осмата ѕвездичка. Но вардарци продолжија да постигнуваат голови приредувајќи им шоу на своите навивачи.
На 3-0 зголеми Ацо Стојков, со најубавиот погодок на мечот, постигнат со волеј удар. Акцијата повторно почна од Хименез, продолжи со Јован Костовски од десната страна, кој одлично центрираше, а Стојков фантастично реализираше.
Најава за дебакл на турновци, кои не прикажаа буквално ништо од фудбалската игра, а разочарани си заминаа нивните навивачи кои допатуваа во Скопје да ги бодрат Блажевски, Балдовалиев, Мојсов и останатите момчиња во бели дресови.
Вардар беше надмоќен, разигран, а потврда за супериорноста стаса и во финишот.
Четвртиот погодок го постигна Филип Петров, со удар со глава, по центаршутот на Хименез од десната страна, а „петарда“ пукна отако Ацо Стојков го постигна својот втор гол на мечот.
На останатите натпревари, интересно беше во битката за опстанок. Напредок и идната сезона ќе биде прволигаш, откако го победи Пелистер во Битола со 2-1 . Дрита ја совлада Шкендија со 3-1, но, сепак, ќе мора да оди во бараж, заедно со Пелистер.
Работнички беше подобар од Тетекс со 3-1, а Силекс и Ренова во Кратово одиграа 2-2. Од Првата лига, испаѓаат Силекс и Тетекс, а во бараж можноста за опстанок ќе је бараат Пелистер и Дрита. Пелистер ќе игра со Скопје, а Дрита со Еуромилк.
Во Европа ќе не претсавуваат Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите и Металург, Турново и Тетекс во квалификациите за Европа Лигата на УЕФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“



