Социјално-економскиот совет на Србија ја прифати иницијативата на Сојузот на самостојни синдикати на Србија и на УГС „Независност“ да се укинат пеналите за предвремено одење во пензија, пред полни 65 години. Овој предлог се однесува и на оние граѓани на кои Законот им овозможува бенефициран работен стаж, кои во пензија одат на 61 година.
Досега важеше правилото дека пензискиот чек може да биде помал дури за една петтина доеколку се оди во пензија пред полни 65 години.
Правило е за предвремена пензија чекот да се намали за 0,34 отсто за секој месец, а најмногу за 20,4 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Синдикатот на Клинички центар бара ист коефициент за зголемување на платитекако за специјалистите
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за покачување на пензиите за 10 отсто
-
Царовска ја почна чистката: Принудна пензија за над 1000 вработени во администрацијата
-
Независниот синдикат на полицијата го обвини МВР за кршење на меѓусебниот договор