| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев се сретна со претседавачот на БиХ Иваниќ

dimitriev

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев денеска во Скопје оствари средба со претседавачот на БиХ, Младен Иваниќ.

Соговорниците, како што соопштуваат од владината прес-служба, ги поздравија билатералните односи кои се карактеризираат со континуиран дијалог на највисоко ниво меѓусебно почитување и пријателство.

На средбата е изразена заложба за унапредување на економската соработка, како и за можноста за воспоставување авионска линија помеѓу Скопје и Сараево за што во следниот период ќе продолжат дискусиите на ниво на министерства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top