Претседавачот на Претседателството на БиХ Младен Иваниќ, кој е во дводневна посета на Македонија, денеска изјави дека не е запознат во детали со тиранската платформа, но оти се што доаѓа од надвор не може да биде добро за земјата.
– Не сум во детали запознат со тиранската платформа, но многу добро знам како човек што доаѓа од Босна и Херцеговина дека сето она што доаѓа од надвор, како што го имавме во Босна што доаѓаше од Белград и од Загреб, не може да биде добро за земјата, изјави Иваниќ одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.
Претседавачот на босанското Претседателство истакна дека е уверен оти македонскиот претседател Ѓорге Иванов ќе ги донесе најдобрите одлуки за стабилноста и просперитетот на Република Македонија.
На средбата било разговарано за односите меѓу двете земји, за евроинтеграцискиот процес, за актуелните состојби во двете земји, состојбата во целиот регион, за економската соработка во контекст на која утре ќе биде организиран бизнис форум во Скопје. Исто така станало збор и за отворање авиолинија Скопје – Сараево, како и за спогодба за патување на државјаните од двете земји со лични карти.
Претседавачот Иваниќ оцени дека односите меѓу двете земји се можеби најдобри во регионот и оти ниту во минатото, ниту сега нема отворени прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево