Протестен марш на граѓанската иницијатива поддржан во голем број на граѓани, и покрај лошото време и вечерва се реализираше во Кавадарци. Пред присутните се обрати пензионерот Алимпие Лазороски, кој ги повтори барањата на сите оние кои се приврзаници на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. “Не” за тиранската платформа и за зачувување на унитарноста на Република Македонија.
– Сите ние во срцата ја носиме Македонија. Нема да дозволиме да се продаваат вредностите на државата за кои многумина наши предци го дале својот живот во изминатите години, нагласи тој меѓу другото.
Мирниот протестен марш започна од пред новоизградената црква „Света Петка”, во новиот центар на Кавдарци. Со државни знамиња и револуционерни патриотски песни, се маршираше низ централното градско подрачје.
Приврзаниците на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија се движеа по главната улица „Илинденска”, а крајна дестинација беше градскиот плоштад. Пред општинската зграда беше интонирана државната химна и беа испратени пораките за продолжување со протестите, се до исполнување на барањата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)