| четврток, 6 декември 2018 |

Срам за македонскиот фудбал: Се степаа капитените на Шкендија и Вардар

shkendija-vardar

Реванш натпреварот од полуфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија меѓу Шкендија и Вардар беше прекинат во првото полувреме.

До прекин на мечот дојде во 30-тата минута од средбата, кога по еден груб прекршок на Фелипе, капитените на двата тима Грнчаров и Хасани влегоа во вербална, а потоа и физичка пресметка, па главниот судијата Александар Страврев на двајцата им покажа црвени картони.

Публиката почна со навредливо скандирање, а додека Грнчаров го напушташе теренот кон него летнаа предмети. Веднаш потоа, фудбалерите на Вардар се повлекоа во соблекувалната, затоа што од трибините навивачи се обиделе да влезат на терен.

Инаку актуелниот бранител на трофејот Шкендија имаше голема предност од првиот меч одигран во Скопје каде тетовската екипа забележа победа со 3-1, па денешната победа на Вардар од 0-1 не беше доволна за скопската екипа да обазбеди место во финалето каде ќе се сретнат Шкендија и Пелистер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top