Роден на 27.01.1978 година во Скопје.
Образование: Електротехнички факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Група: Invertebrata
„Мнозинството во Собранието ќе си ја преземе одговорноста за Собранието и ќе формира влада“, удри со раката на маса силниот потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз, Дамјан Манчевски, небаре е титан кој треба да го премали исплашениот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ од спротивната страна.
Кога ќе се пишува роман за премрежињата на Македонија, главата „Манчевски, Николовски и Груби во Топ тема“ ќе почне со овие зборови, а поколенијата ќе знаат дека читаат уште едно поглавје од предавството на Македонија.
Поколенијата ќе читаат како силниот СДСМ на народот одговорил со сила, а неговата волја ја заобиколил.
Силата на Манчевски ја одразува арогантноста на СДСМ. Оваа епизода ќе изгледаше како борба на титаните доколку силата на Манчевски го одразуваше капацитетот на СДСМ.
На изјавата на Манчевски жестоко ќе реагира Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ целосно надвор од филмот борба на мускули, кој ќе рече дека ако СДСМ се обиде насила да ги прекрши процедурите во Собранието пропишани со Деловникот, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите демократски механизми да се спротивстави на тоа.
Артан Груби од ДУИ, пак, ќе влета во сижето и ќе рече дека тие нема да поддржат ништо што води кон насилство. Тој ќе рече дека ДУИ не е ниту за федерализација, ниту за кантонизација, ниту за поделба на Македонија, туку сака Македонија да е цела и го почитува унитарниот карактер и уставниот поредок.
И така, жарот на дебатата ќе ги однесе „титаните“ до најчувствителното поглавје – Идентитетот на поколенијата. Генерациите кои ќе ја наследат Македонија осакатена, жигосана, но закрепната од ударите нанесени од предавниците ќе читаат дека ставот на СДСМ е дека не треба да има промена на националните симболи.
-Тоа е крај на муабетот – ќе рече Дамјан Манчевски во гостувањето во „Топ тема“. Но, во контекст на тоа, Артан Груби од ДУИ ќе додаде дека „крајот на муабетот“ за СДСМ не е и „крај на муабетот“ за ДУИ, на што Манчевски се согласи.
– Да, ќе потврди Манчевски пред себе, пред јавноста која го гледа преносот, но и пред оние деца кои ќе ги лекуваат лузните.
Ова ќе значи дека новата коалиција која сака да ја протурка СДСМ и да ја наметне како владина коалиција нема единствен став за државните симболи, што во основа значи спроведување на тиранската платформа.
На сите во државата им е јасно дека СДСМ ќе направи сѐ за да дојде на власт, а првиот чекор е да ги задржи албанските партнери од кои зависи. За СДСМ цената на државните интереси не е висока, напротив, за нив државата вреди колку кожата на аболираниот криминалец Зоран Заев и неговата премиерска фотелја.
Поколенијата, конечно, на дело ќе видат како во реалноста се „витка кичмата“ – за десет секунди во емисија, засекогаш во историјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.