| четврток, 6 декември 2018 |

Вкусот на Далмација во „Јавна соба“

На 24. април во Јавна соба ќе биде промовирана далматинската кујна – главниот туристички адут – храната, по која голем број на туристи се враќаат повторно во Хрватска со години.

Се работи за чиста гастронска уметност и баланс на вкусови за кои далматинците се прави виртуози.

unnamed (1)

„Храна за душа!!”, така ја нарекуваат гостите готвачи од Задар, Хрватска, Игор Чупахин и Марцел Шкарица храната која што ја подготвувале нивните баби, па мајки, а тие биле благословени што ги наследиле рецептите и дури многу успешно ги надградиле додавјки современ далматински шарм низ призма на зачини, сосеви и начин на сервирање.

За оваа пригода на 24. април во „Јавна соба“ подготвено е типично приморско мени кое е зачинето со шмек од континентални намирници за да се избалансираат вкусовите и да се доживее Далмација на вистински начин.

– Ние луѓето од Задар и Далмација сме големи, весели и питоми луѓе, сакаме секој пат да јадеме многу и добро, и добро го правиме тоа, особено кога покрај себе имаме добро друштво и врно вино – вели Игор Чупахин.

unnamed (2)

„Вкусот на Далмација” е уште една програмска активност во рамки на прогрaматa “Вкусот на Скопје” која „Јавна соба“ ја спроведува во соработка со гости готвачи и има за цел да креира вистински вреднсоти во поглед на гастрономија и добро конзумирање на храна во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top