| четврток, 6 декември 2018 |

Бирмингем експресно реагираше по оставката на Ѕола

hari rednap

Управата на Бирмингем брзо реагираше и по оставката на Џанфранко Ѕола за свој нов менаџер го постави Хари Реднап. Ѕола на клупата на Бирмингем се задржа четири месеци, во тој период го менаџираше тимот на 24 натпревари и успеа да забележи само две победи.

Првата цел на новиот менаџер на Бирмингем ќе биде да обезбеди опстанок во Чемпионшип, каде на три кола до крајот Бирмингем со 47 бодови е на 20. место или три бода до зоната на испаѓање.

„Искусниот Реднап прифати да биде замена за Ѕола. Реднап постигна успеси со тимовите на Борнмут, Вест Хем, Портсмут, Тотенхем и КПР. Покрај многуте успеси, тој ги предводеше Портсмут и КПР до пласман во Премиер лигата. Веруваме дека и со нашиот тим ќе направи добри резултати“, стои во соопштението на Бирмингем.

70-годишниот Реднап е без клуб од 2015 година, кога го напушти тимот на КПР, а минатата година на само два натпревари ја предводеше репрезентацијата на Јордан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top