Атлетико Мадрид обезбеди пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите откако актуелниот европски вицешампион успеа да го елиминира Лестер. По победата од 1-0 на домашен терен, „јорганџиите“ вечерва ремизираа 1-1 на гостувањето во Англија, повторно обезбедувајќи пласман меѓу најдобрите четири екипи во Европа, третпат во последните четири сезони.
Како клучно се покажа првото полувреме во кое тимот на Диего Симеоне одигра одлино тактички, ги затвори приодите кон својот гол, а воедно и ја искористи својата единствена шанса откако Саул Нигез со прецизен удар со глава го матираше Шмајхел по центаршутот на Филип Луис.
Лестер во второто полувреме тргна на се или ништо, ја презеде контролата и заслужено израмни преку Џејми Варди. „Лисиците“ со ангажираноста заслужија и пресврт, создавајќи уште неколку одлични шанси, но дефанзивците на Атлетико одлично ги блокираа опасните шутеви во шеснаесетникот на Облак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)