Баварската машинерија не се предава. Германскиот тим по поразот во првиот натпревар на „Алијанц арена“ од Реал Мадрид со 1-2, реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ по регуларните 90 минути го одигра како по ноти и успеа со два гола да извлече продолжение.
Иако избраниците на Карло Анчелоти, поранешниот тренер на Реал Мадрид имаа повеќе од играта во првото полувреме, не успеаја да ја затресат мрежата. Сепак стрпливата игра на Баерн вроди со плод во второто полувреме по само осум минути игра, Роберт Левандовски со удар од белата точка по стартот на Каземиро над Робен успеа да го донесе својот тим во водство од 1-0.
Зинедин Зидан направи неколку внесувајќи ги во игра Лукас и Асенсио кои го размрдаа заспаниот среден ред на „кралевите“, а тоа го искористи Кристијано Роналдо кој успеа со глава од срцето на казнетиот простор да го совлада Мануел Нојер.
По само не цела една минута, Баерн повторно доаѓа во водство во 78 минута откако при една мешаница во шеснаесетикотна Реал топката се одби од Рамос кој си постигна автогол. Со овој резултат Баерн избори продолженја. Во 84 минута главниот судија Касаи направи голема неправда кон баварскиот гигант исклучувајќи го од игра Артуро Видал кој заработи втор жолт картон иако сосема регуларно со лизгачки старт чисто ја одзеде топката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)