Пари Сен Жермен во драматичен финиш успеа да слави значаен триумф од 2-3 на гостувањето против Мец. Блес Матуиди со гол во третата минута од судиското продолжение донесе победа за „светците“ на овој меч.
А не мораше да биде така драматично за ПСЖ. Тимот на Унаи Емери имаше водство од 0-2 по првото полувреме, со головите на Единсон Кавани и на Блес Матуиди. Но, Мец се разбуди во завршницата. Во 78.минута, Жуфре од слободен удар намали на 1-2, а во 88.минута, Диабате го израмни резултатот. Сепак, во продолжението ПСЖ повторно нападна со сите сили и преку Матуиди стигна до триумф. Сега „светците“ имаат 77 бода, исто колку и лидерот Монако, но и еден меч одигран повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)