| четврток, 6 декември 2018 |

Неуморно продолжуваат маршевите низ Скопје и низ другите македонски градови (фото + видео)

Македонските граѓани и денеска 51 ден неуморно и масовно продолжуваат да маршираат низ скопските улици и низ другите градови ширум целата држава. 51-ви ден, граѓаните маршираат за отфрлање на Тиранската платформа и зачувување на унитарноста на државата.

narodddd

Голема масовност може да се забележи на денешниот протест во Скопје, прв по велигденските празници. Граѓаните повторно масовно порачуваат дека си ја сакаат државата и со позитивна енергија и цврсти ставови се борат за зачувување на татковината.


Покрај во Скопје, маршеви се одржуваат и во други градови и помали населени места низ цела Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top