Петре Шилегов денеска од собраниската говорница зазвучи како албанскиот премиер Еди Рама. Бранејќи ја Тиранската платформа Шилегов рече дека таа била само мит. Досега никој во Собранието не го користеше овој термин за платформата се додека деновиве Рама во свое интервју не напомена дека платформата е мит измислен од македонските политичари.
Очигледно дека пратениците на Зоран Заев редовно ги следат изјавите на Еди Рама и, како негови портпароли, ги користат термините во одбрана на иредентистичката платформа по која социјалдемократите делуваат во македонското собрание.
Но, додека за Шилегов и заевистите платформата е „мит“, за нивните парнери платформата постои па дури и им ја прочитаа неодамна од собраниската говорница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.