| четврток, 6 декември 2018 |

Лондонската полиција го уапси сопственикот на Форс Индија

vidzaj malja

Индискиот бизнисмен Виџај Малја, кој е сопственик и шеф на Формула 1 тимот на Форс Индија е уапсен во Лондон, потврди британската полиција.

Тој е уапсен на барање на индиските власти кои го обвинуваат за измама. Индија бара екстрадиција на Малја поради извештаите за финансиски нерегуларности во сега непостоечката „Кингфишер ерлајнс“ авио-компанија. Покрај сопственоста на тимот во Ф1, Малја има и крикет-тимови, но должи над 700 милиони долари на индиските банки.

Бизнисменот ги „направи“ своите пари со пивото „Кингфишер“, пред да го прошири бизнисот во авио-компании и Ф1 тркање. Авио-компанијата е „приземјена“ од 2012 година откако пет години беше во загуба и банките одбиваа да му дадат заеми. Индија минатиот април му го одзеде пасошот, а следниот месец почна да бара екстрадиција од Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top