| четврток, 6 декември 2018 |

Априлскиот снег ја блокира Европа, невремето се движи кон Балканот (ФОТО)

Утрово непријатно ги изненади Чесите и Полјаците, а априлскиот снег предизвикал хаос во сообраќајот, посебно поради фактот што дисциплинираните возачи веќе ги замениле зимските гуми на автомобилите со летни.


Снегот го отежнува сообраќајот и на автопатот кој ги поврзува Прага и Дрезден, и тоа во пограничниот предел во планинскиот терен, каде паднале неколку сантиметри свеж снег. Слична е состојбата и на истокот на Чешка.
sneg vo april
Во бело, снежно утро, по тмурната, студена и дождлива ноќ се разбудиле и жителите на Варшава во Полска, каде побелеле тревници и дрвја, крвови, паркирани автомобили. Сепак, поради високите температури снегот брзо се топи.


Некои жители на Варшава се забавуваат испишувајќи пораки “пролет” на снегот на автомобилите.
Предупредување за снег и компликации во сообраќајот издале и словачки метеоролози.

Бура на Балканот
sneg vo april
Во Хрватска пристигнало и најавуваното влошување на времето. Така во седум наутро во Пожега, Книн, Ѓаково, Жупање, како и во Винковци биле измерени 2 степени, а во Загреб 7 степени. Во Шибеник биле измерени 6 степени, а во Сплит и Дубровник по 10 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top